ВИДЕО: Маж храбро застана на патот на вооружениот напаѓач од Сиднеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалните мрежи од утрово се објавуваат нови видеа од нападот во трговскиот центар во Сиднеј, Австралија, што го изврши маж вооружен со нож.

Како што објавуваат тамошните медиуми, на едно од видеата се гледа како напаѓачот со нож во раката трча низ трговскиот центар и се обидува да ги нападне луѓето на кои наидува.

Но, во еден момент пред него застанува човек обидувајќи се да му се спротивстави за да заштити жена со деца што беа во близина. Не се знае дали тие се негово потесно семејство.

По спроведената голема полициска операција, напаѓачот е убиен. Според австралиските власти, тој бил ликвидиран од полицајка која претходно од него побарала да го фрли ножот. Откако тој не ја послушал, го застрелала. Според најновите информации, во нападот загинале најмалку седум лица.