ВИДЕО Погледнете го драматичното јавување на новинарот на Си-Ен-Ен од Тел Авив: „О, Боже! Мораме итно да бегаме“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во директен пренос на Си-Ен-Ен, снимен е драматичен момент во кој новинар на Си-Ен-Ен бил итно принуден да побара засолниште во моментот на известувањето, додека фрагменти од ирански ракети паѓаат над Тел Авив. Дописникот на Си-Ен-Ен, Џим Скиуто, известуваше во живо од покривот во Тел Авив кога Иран лансираше стотици ракети кон Израел.

На почетокот на извештајот, фрагменти од ракети пресретнати од израелскиот противракетен систем паѓаат во Тел Авив, но доста далеку од локацијата каде што се наоѓа Скиуто. Но предупредувањето се засилува, па во еден момент ракетите се приближуваа до Скиуто, како и фрагментите што паѓаат од небото.

Во тој момент ситуацијата станува доста сериозна.

„О, Боже! Мораме да се симнеме од покривот“, вели Скиуто во еден момент. „Ова беше блиску, ни паѓаат многу блиску. Мораме да влеземе внатре“, се слуша како Скиуто вели во живо.

„Те молам, побарај засолниште“, му враќа водитеклката Каитлан Колинс.

После тоа се слуша само тишина, а јавувањето се прекинува.