ВИДЕО: Претседателката на ЕК остана без столче на средбата со Ердоган

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефицата на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен остана без столче за време на средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Имано, во моментот кога претседателот на Турција и претседателот на ЕС седнаа на своите столчиња, шефицата на ЕК остана да стои.

Сепак, за брзо време таа се смести на кауч наспроти министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, кој, според дипломатскиот протокол, се наоѓа на понизок ранг.

Инаку тоа место, за време на ваквите средби, им припаѓа на преведувачите и на другите учесници на состаноците.