ВИДЕО: Први ја пријавиле несреќата – „На коловозот имаше запалени парчиња гума“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сведок за трагичниот настан на автопатот „Струма“ е меѓу првите што се јавиле на бројот 112 и ја пријавиле автобуската несреќа. Тој за БТВ открива детали за трагедијата.

Илија Николов работи на локација на 50 метри од местото на несреќата. Заедно со колегите работеле на свлечиште во близина на патот и тој е меѓу првите кои посведочиле на несреќата. Како што раскажува тие спиеле во приколка во близина на местото, кога слушнале силен звук како да пукнала гума, а потоа виделе оган.

„Слушнав звук, но не можев да разберам што е тоа. Со колегата се спуштивме долу до Кулата и видовме дека нешто гори во мантинелата“ – вели Николов.

Според него, веќе имало луѓе кои излегле од автобусот и биле на левата лента на патот.

Тој вели дека тие излегле од автобусот во првите секунди од почетокот на пожарот.

Веднаш штом дознале дека има автобуска несреќа, неговиот колега се јавил на 112. Земал рефлектор и почнал да сигнализира и да ги пренасочува автомобилите што поминувале. 

„Зборуваа некој непознат јазик, не разбрав од каде се. Многу возачи застанаа и исто така притрчаа да помогнат на преживеаните. По 17-18 минути дојде полиција, по што ние се тргнавме настрана. Додека слегуваме надолу видовме како горат парчиња гума“ – вели работникот.

Тој вели дека мирисало на изгорено, но не почувствувал мирис на гориво.

За тоа дали заштитната ограда ја спречувала задната врата да се отвори, работникот не може да се присети затоа што се се случило многу брзо и било многу темно.

Другиот сведок, кој исто така бил на местото на несреќата, не сакал јавно да сведочи пред камерата на БТВ, бидејќи бил премногу вознемирен од тоа што го видел.

Работниците веќе разговарале со компетентните органи за тоа што се случило ноќта за време на несреќата во која животот го загубија 45 македонски државјани, а преживеаа седуммина.