ВИДЕО: СДСМ и ДУИ или Груевски? Кој стои позади Данела Арсовска? Одговара таа во #ClickPlus

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека нема ниту закрила ниту поддршка од било која страна.

„Не им одоговарам ниту на едните ниту на другите, а тоа за мене значи дека нешто добро правам во животот и планирам така да продолжам и понатаму“, рече Арсовска.

За тоа дека Арсовска добивала директиви директно од Будимпешта, вели дека тоа било повеќе од смешно.

„Кога човек се наоѓа во таква незавидна позиција во каква што се наоѓаат овие луѓе сега, верувам дека единствениот излез им е да манипулираат, да измислуваат и да пласираат невистини“, вели таа.

Арсовска потврди дека повеќе не е почесен конзул на Унгарија во Македонија затоа што се откажала од сите позиции на кои била откако станала градоначалничка.