ВИДЕО: ССМ постави столчиња пред Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сојузот на синдикати на Македонија го реализираше најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.

Тие денеска поставија 21 празно столче пред Владата

Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи.