ВИДЕО: Страшен пожар во Пехчево, заседаваше кризниот штаб – екипите на терен, изгорен и џип!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страшен пожар го зафати Пехчево, а пред малку заседаваше и кризниот штаб на градот.

Според информациите, договорено е наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери.

„Помалиот хеликоптер ќе полни вода од специјално за таа намена наместен базен на стадионот во Пехчево а големиот Ми 171 со ведро од 2,5 тона ќе полни од 25 тонски базен со вида на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во продолжение погледнете и страотно видео снимено толку од Пехчево каде може да се види огромната штета која пламените јазици ја оставаат зад себе.

Видеото е снимено од Ванчо Тасевски, еден од активните доброволци во гаснењето на пожарот.