ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, има ранети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелската полиција во вторникот објави дека имало „терористички“ напад во Тел Авив, на границата со Јафа, пренесе Ројтерс.

Израелските медиуми јавуваат дека најмалку четири лица се тешко повредени во престрелката.

Најмалку двајца мажи, од кои едниот е виден вооружен со автоматска пушка, отвориле оган во Јафа, според снимките од надзорните камери.

На фотографиите се гледа како напаѓачите излегуваат од возот. Еден од нив се гледа како пука во телото на маж на земја.