ВИДЕО Втор ден од Самитот на НАТО, еве какви пораки испратија Мицкоски и Главчев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред минути премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на НАТО самитот, се обрати пред медиумите. Без да го изговори уставното име на државата, рече дека Македонија има намера да продолжи да функционира на овој начин и да ги промовира вредностите на Алијансата. Додаде дека сакаме да останеме рамо до рамо со нашите сојузници. Ја потенцираше и посветеноста за инвестиции во одбраната и одделување на 2% oод БДП.

Пред премиерот Мицкоски, пред новинарите застана и бугарскиот технички премиер Димитар Главчев.

Тој рече дека треба да се остане на ова што претходно Македонија се согласила, алудирајќи на францускиот предлог поддржан од сите земји членки на ЕУ. На крајот заврши дека двата народи се повеќе од соседи.

НАТО се соочува со можеби најголемиот тест во неговата 75-годишна историја, Бајден во вторникот се заложи за мир преку сила. Распоредот денеска се затвора со социјална нота, а американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на сојузниците од НАТО на вечера во Белата куќа.

Од македонската делегација таму присутен ќе биде премиерот.