Земјотресот со јачина од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови.
Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема.
Тресењето на станбените објекти проследено со силен звук ги принуди жителите да ги напуштат домовите. Некои се во своите возила на паркинзите, а дел велат дека ноќта ќе ја минат под отворено небо.
По првиот најсилен земјотрес, до полноќ почувствувани се уште неколку послаби..
Четириесет и пет минути по првиот потрес интернетот и мобилните телефони во Битолско не функционираа и беа во прекин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Силен земјотрес во Македонија
- Силен земјотрес во Грција – се почувства и во Македонија
- Тлото не мирува – 3 земјотреси вечерва во Грција
- ВИДЕО: Силниот земјотрес предизвика значителни материјални штети во Битола
- По земјотресот: Нема мрежа во Битола, граѓаните излезени пред своите домови
- Серија земјотреси во Грција – се почувствуваа и во Македонија со интензитет од 3-5 степени