Владите на Северна Македонија и Бугарија направија семејна фотографија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска заедничка седница одржаа Владите на Бугарија и Северна Македонија во резиденцијата „Бојана“ во Софија.

Настанот е дел од дводневната посета на делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која вчера допатува во Бугарија.

Двете Влади направија и семејна фотографија, а според бугарската влада, денешната заедничка средба е уште еден клучен чекор за консолидирање на новиот дијалог меѓу Софија и Скопје, како и за продлабочување на билатералната соработка.