Од ВМРО-ДПМНЕ вратија со реакција на соопштението на СДСМ.
Тие велат дека добро ќе беше и СДС да можеше да се пофали на отчет за сработеното на градоначалниците кои доаѓаат од нивните партиjа.
„Наспроти отчет имаме молк, и навреди од СДС.
Добро ќе беше и градоначалниците на СДС да имаа над 120 милиони евра проекти во изминатава година, како што тоа го имаат градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ.
За само 365 дена, нема населено место каде нема нов проект.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираа голем број проект, од кои повеќето нови градинки, илјадници километри нови улици и тротоари, водоводни и канализациони мрежи, реконструирани основни училишта, инвестиции во економски развој и многу други.
За жал ниту СДС како централна власт нема реализирано проекти како градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Народот тоа го гледа и затоа ќе има промени и на централно ниво“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.