ВМРО-ДПМНЕ најавува избори напролет – Ковачевски: Парламентарни избори ќе има во 2024-та

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вели дека напролет 2023 година ќе има предвремени парламентарни избори, на кои, според него, ВМРО би освоила 61 пратенички мандат, доволно за да не може да биде уценувана за формирање Влада. Тој во емисијата „360 степени“ откри и кого ВМРО-ДПМНЕ би сакала да го има за свој владин партнер од албанскиот блок.

На ваквата најава на Николовски за предвремени избори реагираше премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој рече дека изборите ќе се одржат во 2024 година и дека на тие избори ќе се случи истото што се случи во општина Маврово и Ростуша, кога ВМРО- ДПМНЕ доживеа катастрофален пораз.

Премиерот уверува дека прво ќе има претседателски, а потоа и парламентарни избори.