ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Франција воведува ПЦР тест за влез во државата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи PCR-тестовите задолжителни...

Откажан годинешниот Карневал во Рио

Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради...

Грција ја продолжи забраната за влез во земјата до 8. февруари

Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани...

409 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење...

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање на спомениците од „Скопје 2014“ останува ист, со реакција се јавија и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат дека намерата да се отстрануваат историските споменици од центарот на Скопје е само продолжение на анационалната политика на премиерот во заминување Зоран Заев.

Од таму обвинуваат дека тие се спремни да ја избришат историјата на македонскиот народ и секој споменик кој асоцира на тоа.

„Шилегов, Заев и актуелното раководство на СДСМ треба да бидат свесни дека наместо спомениците на хероите, тие ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија. Народот јасно кажува дека се противи на нивната штетна политика на свиткана кичма со која се негира македонскиот јазик, народ и историја. Историското буниште го чека Шилегов исто како и премиерот во заминување Зоран Заев. Оставка на Заев, слобода на Македонија“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: