ВМРО-ДПМНЕ против покачувањето на платите на функционерите – бараат намалување и корекција на коефициентот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на одлуката за зголемување на платите на функционерите.

Портпаролот, Марија Митева, денеска изјави дека нејзината партија бара намалување и итна корекција на коефициентот за сложеност на работното место, со што ќе се намалат платите на функционерите.

„600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и коригира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите. Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“, вели Митева.