ВМРО-ДПМНЕ: Таравари е смешен и влегува во Влада во чие време се отселени 5 пати повеќе луѓе од последните 20 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше прашан од медиумите за тоа што Алијанса вели дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и дека Алијанса е за европски начин за однесување.

„Сигурно е европски Таравари да го моли ВМРО-ДПМНЕ да гласа за него во Гостивар, тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше реформирано. Кога Алијанса се потпиша за пад на владата, Таравари се потпиша за ВМРО или против ДУИ? Европската идеја не е молење и уценување за функции и вработување на членови на партија. А, Таравари влегува во владата во чие време се отселени пет пати повеќе луѓе отколку последните 20 години“, нагласи Стоилковски.

реклама

Портпаролот додаде дека Таравари смешен е како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции, и што му текнало дека е за Европа, и тој заедно со Артан, Бујар, и редица други европјани ќе нѐ внесуваат во Европа.

„Веруваме дека и самиот си се смее навечер на сопствените изјави и лицемерието, кои се толку проѕирни што и од тој агол и Мендух Тачи би бил визионер“, истакна Стоилковски.

реклама
реклама
реклама