Во Австрија пронајдени остатоци од урнат авион кој беше пријавен за исчезнат пред четири дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спасувачките екипи на австриските Алби, денеска најгоа мал едномоторен авион „Цесна-172“ кој беше пријавен за исчезнат во саботата. Пилотот загинал, а во него немало други патници, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во општината Зелден, на надморска висина од околу 2.800 метри.

Авионот тргнал од Рим во саботата за Бад Ворисхофен, во близината на Аугсбург, Германија. Контактот со авионот бил изгубен од Зелден во 11:45 часот. Непосредно пред тоа, германскиот пилот упатил итен повик до австриската контрола на летање, за да пријави губење на висината. Губењето на висината на авионот ја потврдиле и очевидци.

Веднаш почнала претрага со помош на два хеликоптери, но истата била отежната поради неповолни временски услови и силен ветер.

ФОТО: Архива