Во Брисел почнува самитот ЕУ-Западен Балкан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средба на лидерите на земјите членки на ЕУ со лидерите на Западен Балкан денеска во Брисел.

 Советот на Европската унија вчера до последен момент изразуваше надеж дека бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе падне и дека средбата ќе заврши со јасен сигнал за придвижување кон Заедницата.

Инаку, по консултациите, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски сепак одлучија да патуваат заедно на самитот.