Во Ѓорче Петров ќе се гради нов парк – ќе се простира на 30.000 м2, а ќе чини над 1 милион евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градот Скопје денеска ја почна реализацијата на проект за парк во општината Ѓорче Петров,  кој ќе се простира на повеќе од 30.000 квадратни метри.

Ова место порано беше депонија од огромни размери во над 50.000 квадратни метри, но екипите на Градот Скопје успеаја целосно да ја исчистат за создавање на новата паркова површина.

Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини. 

Предвидено е подигање на зелени површини, поставување систем за наводнување, засадување на над 2.200 дрвја од десетина различни видови, како и дополнителни цветни садници.

Во завршната фаза предвидено е поставување на фонтани, клупи, садови за отпадоци, паркинг за велосипеди, како и соодветно осветлување.

Вкупната вредност на проектот изнесува 68.500.000 денари.

error: Content is protected !!