Во Грција досега спроведени 725.000 вакцинации

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за понеделник (8. март 2021)

ОВЕН Работа: Во случај да сте правник, конечно, судскиот процес кој се оддолжи се завршува во ваша корист. Љубов: Вљубени...

Претпладне сончево, попладне со поголема облачност и дожд во делови од земјата

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми...

Наскоро ќе користиме банани за управување со видео игри

Компанијата „Сони“ поднелa барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои...

Не ја користете левата рака, не одбивајте овошје, не го солете јадењето… 7 работи кои треба да ги избегнете во други држави

За да не излезете дека сте непристојни во некои држави кога патувате низ Светот, добро е да знаете некои...

Што се случува со телото кога секој ден ќе истрчате по 1,5 километри?

Трчањето е физичка активност која или ја обожавате, или ја мразите. Но, оваа активност има свои предности за здравјето....

Денеска, беа спроведени над 30.000 вакцинации, а вкупно, од првиот ден надминавме 725.000 вакцинации и Грција се наоѓа на четвртото место по дневниот број вакцинации во изминатите седмици во однос на другите земји од Европската Унија, рече генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Темистоклеус истакна дека постои нагорен тренд во закажувањата термини за вакцинација на граѓаните и веќе се регистрирани нешто помалку од еден и пол милион термини, од кои 600.00 се за првата, а останатите за втората доза.

Во однос на вакцините за Грција, рече дека денеска добиле 112.000 дози од Фајзер,а минатата седмица пристигнале 24.000 од Модерна и 90.000 од АстраЗенека.