Во Хрватска нема новозаразени, и нема пациенти на респиратор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Само седум пациенти на лекување во болница, и без пациенти на респиратор има Хрватска во моментов. Во изминатите 24 часа не се забележани нови случаи на Ковид-19 во оваа земја.

Вкупниот број на оздравени во оваа земја е 2132 лица. 828 се отпуштени од болница, а дома оздравеле 1311 лица. Во Хрватска досега починале 106 лица.