Во изминатите 24 часа 12 лица ја изгубија битката со ковид-19 – пријавени уште 8 починати лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти, додека пак во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица.

  • 6 починати лица од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г)
  • 2 починати лица од Кочани (66г, 63г)
  • Едно починато лице од Прилеп (80г)
  • Едно починато лице од Охрид (77г)
  • Едно починато лице од Куманово (77г)
  • Едно починато лице од Велес (48г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година.

Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години.

Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.