Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување

 Вкупно 22.253 лица се евидентирани преку апликацијата за самопопишување. Податокот, како што стои на веб страницата на Државниот завод...

Протоколи за попис – „Не е проблем влегувањето дома, ако се почитуваат мерките“

Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети за ТВ21 ги...

Кривична пријава за две лица – во 2018 година ја оштетиле Клиничката болница Битола за 600 илјади денари

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д....

Кривични пријави за две лица од Скопје и Кичево – насилно влегле во домот на 72-годишна жена и ја ограбиле

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение...

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало    шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.

Вкупно 280 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.