Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 25 пациенти – вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 87 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.

Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.