Државната изборна комисија информираше дека на неколку избирачки места низ Македонија гласањето не започнало точно во 7 часот, поради технички проблеми при најавувањето со корисничко име и пасворд на уредот за отчитување на отисоците на прст.
Од таму додаваат дека во овој момент и на тие гласачки места е започнато гласањето, а доколку прекинот бил подолг од половина час гласањето на тоа избирачко место ќе биде продолжено по 19 часот.
Засега изборниот процес за избор на 44 градоначалници во Македонија тече во фер и демократска атмосфера без посериозни регистрирани нарушувања на изборниот ден.