Во Росоман до 17 часот излезеност од 56,75 проценти на локалните избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во општина Росоман на локалните избори до 17 часот има излезеност од 56,75 проценти, за МИА рече претседателот на Општинската изборна комисија, Ѓорѓи Крстевски.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи.

Се гласа на десет избирачки места. Право на глас имаат 3.341 лице.