Во Велес сѐ уште не е родено првото бебе за оваа година – лани родени 60 бебиња помалку

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На Гинеколошко-акушерското одделение во велешката Општа болница лани се родиле 413 бебиња што е за 60 помалку во однос на 2019 година. Споредено со 2016 година кога се родиле 651 бебе, намалувањето е за 238 бебиња.Како и изминатите години, така и лани, дел од бебињата наместо во Велес, родени се на скопските приватни клиники.– Но, факт е дека наталитетот во Велес и велешко драстично опаѓа од година во година, велат од велешката болница, во која се примаат родилки и од соседните општини Свети Николе, Неготоино, Лозово и Росоман.

На оваа одделение сеуште не е родено првото бебе во новата 2021 година.

Во 2020 и во 2019 првото бебе се роди на 2 јануари, а последен пат првото бебе кое беше машко се роди на 1 јануари 2018 година.