Водата во Струмица не е безбедна за пиење: Зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од овој водоснабдителен систем.

На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедеување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.