Водителот на ТВ21 до градоначалничката: Внимавајте на рацете да не ги брцнете во медот – „Тоа има кој да го прави, јас сум човекот кој ќе превенира“, одговори Арсовска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва пред крајот на дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21, водителот и посочи на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да внимава за и таа да не ги брцне рацете во медот, мислејќи на тоа што таа го истакна на седница пред Советот на Град Скопје.

На ова Арсовска порача дека има кој тоа да го прави, а таа е човекот кој ќе превенира.

„Верувам дека граѓаните знаат да препознаат што е искрено и вистинско, а институциите повторно треба да си внимаваат на својот интегритет. Сите од нив треба да се движат во насока на она за кое што се залагаат, декларативно дали е тоа така, ќе видиме понатака“, додаде Арсовска.