Вработени во Министерството за култура на протест, бараат средба со министерот Бесими

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средба со министерот за финансии Фатмир Бисими побараа денеска вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, за време на едночасовниот протест што се одржа пред Министерството за финансии. Тие на протестот уште еднаш упатија апел за покачување на платите.

Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски изјави дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта – соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.

Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.

-Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее. Во петокот министерот за финансии Фатмир Бесими не ги прими нашите претставници и во таа смисла, сакаме да порачаме дека нема да се откажеме, ќе бидеме присутни секој ден и во голем број, рече Костовски.