За 2,9% зголемен бројот на активни случаи, процентот на позитивни од тестирани близу 30%

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Македонија е регистриран пораст на активни случаи за 2,9 проценти. Вкупниот број на активни случаи на територија на Македонија во моментов изнесува 21.891.

Благ пад од 0,3% се бележи на хоспитализирани лица, а во моментов вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1740.

Процентот на позитивни лица од тестирани е близу 30% односно 29,34%.

Денеска во Македонија беше регистриран и црн рекорд, односно пријавени беа дури 51 починати пациенти од коронавирусот.