За 7% намалена излезноста на изборите до 13 часот, во споредба со 2017 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Oд 7 часот утрово започна гласањето за  локалните  избори, седми по ред од независноста на државата, на кои за првпат се користат апарати за отпечаток од прст.

За градоначалници на 80 општини плус Град Скопје се борат 299 кандидати, а поднесени се 572 советнички листи.

May be an image of Jovica Paunoski, standing and screen

За 1347 советници во локалните самоуправи се кандидирани 10.831 кандидати. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани.

Во првиот круг ќе бидат избрани сите Совети и оние кандидати за градоначалници кои добиле мнозинство гласови, доколку на изборите излегле една третина од избирачите.

May be an image of indoor

Во продолжение презентација за моменталната излезеност според податоците од Државната изборна комисија:

May be an image of 1 person, screen and indoor