За една недела санкционирани 179 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 179 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


Во периодот од 14.06. до 20.06.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 108 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 71 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.


ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.