Министерот за администрација Горан Минчев вели дека не отстапува од одлуката за намалување на процентот на застапеност на Албанците во администрацијата од 29,52% на 24,30%. Минчев вели дека со ова само го почитува законот и дека секој коментар од коалициониот партнер ВРЕДИ е неоснован.
Од коалицијата ВРЕДИ, портпаролот Фари Хисени, спомнувајќи ја изјавата на министерот Андоновски, рече дека Балансерот ќе остане на сила се додека не се донесе Законот за рамноправна застапеност. Тој ги повика партнерите од ЗНАМ да не ја злоупотребуваат оваа ситуација за да добијат политички поени, бидејќи како што вели тие не се голем фактор во Владата.
Двата партнери во власта, Коалицијата ВРЕДИ и Движењето ЗНАМ, изминативе денови се расправаат од дистанца за прашањето за процентите во јавната администрација. Сето тоа по одлуката на министерот за администрација Минчев за промена на процентот на Балансерот со што се намалува застапеноста на Албанците. Инаку, оваа Влада, вклучувајќи ја и албанската коалиција ВРЕДИ, вети дека ќе го отстрани механизмот наречен Балансер за вработување во јавниот сектор и ќе воведе нов закон за рамноправна застапеност.