Заев: Непријатно е кога наши граѓани одат во Србија на вакцинација, но немаме ништо против

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Викендов во Србија заминаа неколку илјади македонски граѓани на вакцинација.

Премиерот Заев коментираше дека чувството било непријатно, но се заблагодари на Србија. Истотака одговори и за вакцините.

„Непријатно ми е чувството кога гледам дека наши граѓани одат во Србија да се вакцинираат. Но немаме против да одат во пријателска земја. Вакцините не треба да се фрлат, треба да се искористат. Јавно сум се заблагодарил на Србија. Ќе беше подобро тука да се вакцинираат, но знаете дека со вакцините има проблем целиот Свет. Западниот Балкан е во иста состојба, освен Србија. Кога тргнавме со 20-30 обиди со приватни фирми бевме обвинети. Сега нарачавме повеќе од тоа што треба. Нарачани се 2,6 милиони вакцини, и ги правиме сите“, изјави Заев.