Загина 24 годишно момче од Свети Николе – тешка несреќа на патот Тетово – Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера се случила тешка несреќа на автопатот Тетово – Скопје.

Во несреќата загинало 24 годишно момче од Свети Николе.

„На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово. По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

Увид на местото на настанот врши екипа на СВР Тетово.