Загина велосипедист откако бил удрен од камион во Куманово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во  17.45 часот починал.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.