Захариева: Бугарија мора остро да реагира на изјавата на Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Комисија за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кажа дека Бугарија мора остро да реагира на изјавите на Пендаровски дека на европратеникот Џамбаски и на други бугарски државјани да им се забрани влез во Македонија.

Захариева смета дека Пендаровски не ги штити интересира на својата земја, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот.

– Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на претседателот Пендаровски. За жал, ова не е првпат да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи. Силно се надевам дека македонската влада нема да го почитува неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи на оние бугарски политичари кои не сакаат да ги пуштат на територијата на РСМ. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите – вели Захариева за БГНЕС.