Захарова: ЕУ ќе мора да се соочи со вистината и да признае дека нејзините сојузници ја предале

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на Телеграм објави дека земјите од Европската унија ќе мора да се соочат со вистината и да признаат дека нивните сојузници ги предале во врска со инцидентите околу Северниот тек.

Таа ја коментираше изјавата на рускиот вицепремиер Александар Новак дека Русија е подготвена да испорача гас преку неоштетениот дел од гасоводот Северен тек 2, пишува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

„Потоа, дали некој ќе се осмели да каже дека нашата земја стои зад чинот на саботажа? Се согласувам дека е многу тешко да се знае вистината. Но, еден ден земјите од Европската унија ќе мора да го направат тоа и да признаат дека нивните сојузници ги предаде“, напиша Захарова на Телеграм.