Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека прашањето за евроинтеграциите веќе станува заморно за граѓаните, а партиите треба да престанат со меѓусебно префрлање на одговорноста.
-Укажав на тоа дека веќе прашањата за евроинтеграциите навистина ги заморуваат граѓаните и дека е неблагодарно да се префрла топката од едни на други. И затоа како партија преминавме во давање на решение како може по пат на широко толкување да се дојде до заеднички став. Јас сум спремна да лобирам за тој став – изјави Зајкова.
