Екс премиерот Димитар Ковачевски ја коментираше евентуалната промена на законот, за продолжување на важноста на патните исправи. Тој кажа дека без да се консултира Грција, нема да може да промени ништо, со оглед на Договорот од Преспа.
„Рокот на траењето на пасошите за меѓународна употреба е согласно закон, кој е врзан со Договорот од Преспа помеѓу Северна Македонија и Грција. Така што без да биде усогласено со оние кои е потпишан договорот, тогаш нема да може да се промени ништо. Ако успее владата да обезбеди дозвола од земјите членки на ЕУ, и да дозволи другата страна потписничка, а тоа е Грција, тогаш може да се разговара за промена на законот. Апелирам што побрзо да се затвори прашањето околу промената на патните исправи. Видов дека се пристигнати нови обрасци, и очекувам промената да биде завршена во најкраток можен рок“, рече Ковачевски.
Тој кажа дека од Грција имало реакции за непочитување на Договорот.
„Додека бев премиер, разгоравме со Грција, и во тој дел Грција имаше став дека Договорот треба да е почитува, во делот на користење на уставното име. Секогаш изразувале став во однос на непочитување од наша страна, кога на официјални средби, на официјални состаноци претставници на Северна Македонија не го користат уставното име на државата. Како општество мора да одлучќиме што правиме пред институциите, пред граѓаните и надвор од државата. Моментално ВМРО-ДПМНЕ велат Договорот со Грција е реалност, и дека треба да се почитува, а претходно кажуваа дека кога ќе дојдат на власт ќе го вратат името. Проблемот е кога ќе излезат надвор, сакајќи да кажат колку се патриоти, ќе видат натпис Северна Македонија, па ќе го бришат тоа Северна. Не бива тоа. Ние ја направивме Северна Македонија земја членка на НАТО, решени сме да стане и земја членка на ЕУ“, рече Ковачевски.