Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна.
- Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила, бидејќи станува збор за прометен објект, изјави Томески.