Застрашувачка снимка од Копенхаген: Напаѓачот снимен како се шета со пушка низ трговскиот центар (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пукањето во трговскиот центар во данската престолнина Копенхаген, во кое во неделата беа убиени најмалку три лица, не е терористички чин, објави во понеделник главниот полициски инспектор Сорен Томасен.

Најмалку три лица загинаа во нападот во неделата во данската престолнина, а четворица се тешко повредени. Убиени се две 17-годишни момчиња од Данска и еден 47-годишен руски државјанин кои живееле во таа земја.

„Во истрагата, документите или изјавите на сведоците нема индиции дека би можело да се работи за тероризам“, нагласи инспекторот и рече дека е рано да се зборува за мотивите на напаѓачите.