Затворен автопатот Скопје – Тетово во двата правци 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информира дека автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци.

-Од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино, велат од АМСМ.

Граѓаните се повикуваат да не патуваат на овој потег и да користат алтернативни патишта сè додека трае блокадата.

За дополнителни информации, се препорачува следење на соопштенијата од надлежните служби.