Базенот во рамките на СЦ Борис Трајковски во Скопје, е затворен поради тоа што паднала лајсна од таванот, пренесува СДК.
Базенот нема да работи за ниту за рекреативци ниту за пливачки клубови во следниот месец и пол, затоа што ќе се врши санација.
Даниел Апостоловски, директорот на СЦ Борис Трајковски, за „САКАМДАКАЖАМ“ вели дека немало опасност за никого во моментот на падот, затоа што немало постетили, додавајчи дека проблемот е настанот поради тоа што во 2010 година не била извршена целосна реконструкција.
„Веднаш повикавме професори од Градежниот факултет кои извршија увид на целиот објект. Беше заклучено дека челичната носечка конструкција е добра, но бидејќи реконструкцијата не била целосна, односно не била согласно проектот, се појавуваат овие проблеми. Договоривме во наредниот месец и пол да се санира долниот внатрешен дел и да се постави заштитна мрежа. Со тоа, во текот на летото базенот ќе може да работи. А потоа, пред Нова година ќе извршиме целосно реконструкција на базенот и тогаш ќе биде затворен подолго време“, вели Апостоловски.
