По состанокот со кризниот штаб, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски напомена дека од денеска 336 граѓани се во изолација што е најголема бројка до сега на тоа подрачје.
Тој додава дека има информација за уште еден заболен од нова конфекција.
„Уште од рано изутрина во комуникација со сопственикот на таа конфекција, веќе е затворена и сите вработени се испратени дома, така што и таа ќе влезе во редот за тестирање со другите кои чекаат за тестирање. Веднаш по излегувањето на резултатите, секој оној кој е негативен, веднаш ќе може да се врати на работа“, посочи Бочварски.
