Сезоната на искачување на Монт Еверест заврши денеска, а од отворањето на сезоната на почетокот на април, осум лица загинаа при искачување.
Бројот на загинати годинава е намален од 18 лани, а меѓу загинатите има и двајца монголски алпинисти, Кениец, Индиец и Непалец.
Еден британски државјанин и двајца непалски водичи се исчезнати, но се претпоставува дека се мртви, пренесува BFMTV.