Збогувањето на Џафери и Груби – двајца највисоки функционери Албанци во досегашните влади

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со објавата насловена “СО ЧИСТ ОБРАЗ“ на последниот ден на работа како премиер, Талат Џафери напиша дека одлуката за прв премиер Албанец беше одлука која испиша нова, поинаква иднина за нашата земја и додаде дека на новите генерации им останува да ја продолжат и надградат таа иднина. За ова достигнување, потсетува на визијата и каузата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Одлука која испиша нова, поинаква, попрогресивна и поевропска иднина за нашата држава. Одлука која докажа дека работата, посветеноста и резултатите во полза на сите граѓани ги надминуваат партискиот интерес, етникумот, дневната политика, седмичните бури. Благодарам за сета поддршка и професионалност од сите во моето опкружување. Напишавме историја, на помладите генерации е да ја продолжат и надградат.

Објава за збогување на Фејсбук објави и првиот вицепремиер, Артан Груби, но неговата објава беше подолга, каде напиша за сите работи кои ги смета за достигнувања, предизвици и реализирани проекти.

Работевме Албанците да се чувствуваат вистински претставени, горди на носителите на институциите и да почувствуваат како е да се владее, да се биде на чело на државата достоинствено, со знаење, храброст и посветеност.  Во текот на работата, сепак, се прават грешки, за кои се извинувам и ви барам прочка ако ненамерно згрешивме, отежнавме или дури ако не успеавме да ви завршиме некоја работа.  Се случува на некој да му се допаѓа начинот на работа, на другиот не, некој го смета за арогантен, другиот модерен, авангарден, но тоа никого не повредило ниту влијаело на некој процес или проект.

Талат Џафери на крајот напишал „ До следните историски мигови за нашата држава, останувам посветен на пратеничката функција„ а Груби ја затвори неговата објава велејќи „Ќе продолжам да бидам покрај претседателот Али Ахмети, на позицијата шеф на кабинет и член на Претседателството на најголемата и најуспешната политичка организација ДУИ како наследник на ОНА“.