„Жал ми е што се растури СЈО поради еден човек“, рече Кацарска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше за пропаднатото СЈО. Таа кажа дека е згрозена поради тоа што тоа пропаднало заради еден човек.

„Во поглед на СЈО кога почнав да судам бев изненадена колку добро тие обвинители ги имаат сработено тие предмети. Такви обвиниенија немав добиено. Школски сработени предмети, со голем ентузијазам, и покажаа голема стручност и професионализам. Кога се случи она што се случи, бев згрозена. Жалам што заради еден човек таму се растури тоа СЈО“, изјави Кацарска.