Жан Митрев прифатил, Систина немала економска логика за поевтини цени за лекување на ковид пациенти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пет лекари од „Систина“, двајца од „Ремедика“ и еден од „Жан Митрев“ ќе помагаат во лекувањето на пациенти кои се хоспитализирани низ ковид-центрите во Скопје.

Ова било договорорено на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со медицинските директори на трите приватни клиники. Филипче вели дека разговарале и за намалување на цената на лекување во приватните клиники, но тоа го прифатил само Жан Митрев, додека пак од Систина рекле дека немаат економска логика да го направат тоа.

Втората тема на разговорот беа цените и иако апелирав тоа да се направи, бидејќи е криза, пандемија кое е специфично прашање насекаде во светот, д-р Жан Митрев  изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од „Систина“ јасно ни кажаа дека тоа не може да го направат бидејќи немало економска логика.

-Државата нема никаков механизам ниту во вонредна состојба?

Формално-правно немаме никаков механизам“.

изјави министерот за здравство, Венко Филипче.